Утрински Весник
Свет

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Bebe 4.jpg

Едногодишно бебе од Воскресенск кај Москва доживеало струен удар додека си играло со ТВ-кабел.

Девојчето е пренесено во болница со изгореници на јазикот и слузокожата во устата.

Се движела низ станот кога го здогледала ТВ-кабелот во дневната соба. Љубопитна, отишла да истражува и извадила електрична жица што ја ставила во устата.

Веднаш добила струен удар, а од болки и шок, девојчето почнало да плаче.

Мајката и таткото, кои во тоа време биле во кујната и подготвувале оброк, веднаш втрчале во дневната соба.

Веднаш ја однеле во болница каде и укажале прва помош и ја оставиле на понатамошно лекување, пренесуваат руските медиуми.

Лекарите не сакаат да прават претпоставки за понатамошниот тек на лекувањето на девојчето, како и претпоставки за тоа кога би можела да се подобри нејзината ситуација.

На родителите им се препорачува да ги проверат сите електрични жици во просторот каде што се малите деца и да внимаваат на нив додека си играат.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови