Утрински Весник
Македонија

Почина 44-годишен маж од Гостивар: Му се слошило додека возел и удрил во паркирано возило

Brza Pomos.jpg

Вчера во 02.10 часот на Б.З.(44) од гостиварско Неготино додека возел со неговиот автомобил по улицата „Лазар Лазаревски“ во Гостивар, ненадејно му се слошило при што изгубил контрола и удрил во во паркиран автомобил „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки во сопственост на А.С.(62) од Гостивар.

Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

Тага во Битола: Ивана загина на патот Битола–Прилеп, нејзината гимназија се прости со емотивна порака

Стефанија Кузмановска е нова претседателка на СДММ

Кристијан Бајовски испиша историја – Гинисов светски рекорд поставен во Скопје