Утрински Весник
Македонија

Малолетничка прободела полицаец, НСП бара награди за повредени полицајци

Policija 3.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Секој полицаец кој ќе биде повреден во извршувањето на своите работни задачи, да добива награда. Ова го бара Независниот синдикат на полицијата.

„Поттикнати од последниот случај каде малолетничка прободе со нож колега од Куманово при извршување на работни задачи од областа на јавниот ред и мир, бараме од раководителите на организациските единици да го користат правото предвидено во член 180 од Колективниот договор и да поднесат предлог за награда за секој еден колега кој ќе биде повреден при извршување на работните задачи!

Пожртвуваноста и професионалноста на полициските службеници мора да биде истакната и наградена со цел мотивација и поддршка во креирање на еден поквалитетен безбедносен систем“, се вели во објавата на Независниот синдикат на Полицијата, објавена на нивната фејсбук стграница.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче