Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Пожар избувна на тераса од стан во скопски Аеродром (ВИДЕО)

Pozar Aerodrom 4 1.jpg
Dik 300x250 mk

Попладнево, нешто по 16 часот, пожар избувна на тераса од станбена зграда во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај автобуската постојка позната како „последна 5-ка“.

Како што можеше да се забележи гореше дел од терасата, а густ црн чад се издигаше од балконот на станот на последниот кат од зградата.

Огнот предизвика вознемиреност кај жителите на оваа, но и на околните згради, кои почнаа да ги тргаат автомобилите кои беа паркирани под балконот зафатен од пожарот, бидејќи изгорени парчиња паѓаат од терасата.

На местото пристигна екипа на скопската Противпожарна бригада, која со неколку пожарникари се обидуваа да го стави под контрола огнот и да не дозволат да се прошири, пред да биде целосно изгаснат.

Засега нема информации за причините за пожарот, a не е познато дали огнот ја зафатил и внатрешноста на станот.

Екипите на противпожарната бригада за кратко успеаја да го изгаснат огнот на терасата.

Извор/фото: 360 степени

Можете да прочитате

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Меџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крај

Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот