Утрински Весник
Македонија

Повторно активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување, активни 15 пожари

Pozar 1.jpg

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава соопшти дека денеска повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош во воздухоплови.

Тој информира дека денеска имало повеќе од 30 пожари на отворено, од нив 15 се уште активни. Потенцира дека топлото време и ветрот прават проблеми во воспоставување контрола на пожарите.

– За жал, постојано се појавуваат нови и нови пожари. Топлото време и ветрот прават особени проблеми во воспоставување контрола на пожарите, вели Ангелов.

Тојупати апел до сите граѓани кои живеат во полунапуштени села итно да се евакуираат доколку слушнат дека во нивна близина има активен пожар. Потенцира граѓаните да не чекаат огнот да дојде до селото, освен ако не е организирана одбрана на селото од страна на локалните власти.

– Да не чекаат до последен момент и да не се изложуваат на непотребен ризик по нивниот живот. Нови куќи ќе се направат, но животот на луѓето не може да се врати, апелира Ангелов.

Можете да прочитате

Се предаде 24-годишникот што избега низ прозорец од СВР Битола по пријава за семејно насилство

Левица: Вмровските врски на семејството Корабоски поважни од животот на Сара – дали посмртен наод е единствениот доказ што го признаваат заробените институции? 

ДОМ: Уште колку жени треба да настрадаат додека институциите ги штитат децата на моќниците?