Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривична пријава за полицаец кој во двор пукал со службен пиштол

Policija Nokje.jpg
Dik 300x250 mk

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при МВР,  до  надлежното Основно јавно обвинителство  Радовиш,  поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност”  по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 25.07.2024 околу 00.00 часот во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните. Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНE: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

Ина Многуфина саркастично за случајот Кузмановски: „Јака казнава“ – системот полн дупки!