Утрински Весник
Македонија

Минчев повлече закони на претходната влада од собраниска процедура

Sobranie Na Rsm V2 Fillwzc0msw1ntvd.jpg

Министерот за јавна администрација Горан Минчев информира дека министерството согласно законските надлежности, ги повлече Законите од Собраниска процедура поднесени од претходната Влада, и тоа: предлог Законот за административни службеници, предлог Законот за вработени во јавниот сектор и предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Оваа обврска, како што е образложено, е согласно донесениот Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со која впрочем и се формира оваа министерство.

„Но, сакам да потенцирам дека освен техничкото усогласување со ЗОРОДУ, повторно отвараме широка дебата за овие закони, со цел сите заинтересирани и засегнати страни, граѓански организации, институции, синдикати, меѓународни организации, преставници на СИГМА и Европската комисија, експертската јавност и опозицијата во државата да дадат свој придонес и свое мислење.

Новата законска рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да обезбеди вработување и унапредувања засновани на заслуги.
Изминатиот период остварив повеќе средби со преставници на граѓански и невладини организации, синдикати како и меѓународни организации, кои исто така ја нагласија потребата од доработка на законите.

За таа цел, почнувајќи од утре, Министерството за јавна администрација организира процес на консултации преку организирање на кампања под мотото: „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација.

„Оваа кампања е доказ за колективната посветеност на Владата на Република Северна Македонија за зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација во нашата земја. Јавната администрација е столбот на секоја нација. Обезбедува услуги кои им се даваат на граѓаните кои не само што треба да се ефикасни, туку и транспарентни и достапни“.

Првата јавна дискусија ќе биде организирана утре, 31 јули 2024 година, нагласи Минчев

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата