Утрински Весник
Свет

Пожарот во познатото албанско летувалиште се шири во близина на хотели и апартмани, жителите и туристите евакуирани

Sengin.jpg

Ситуацијата со пожарот во познатото албанско летувалиште Шенѓин, кој беснее од пред неколку дена, се влоши во текот на ноќта, поради ширењето предизвикано од ветерот.

-И по интервенцијата со хеликоптер беше невозможно целосно да се изолираат пожарите, каде поради силниот ветер во текот на ноќта пожарот повторно се активираше во некои области на планината над Шенѓин, објавија медиумите.

Tие додаваат дека огнот се приближил до хотелите и апартманите во Рана е Хедун, а во меѓувреме жителите на областа, како и туристите, се евакуирани.

Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на Улцињ, е опколен со борова шума, а најпосетуван е од македонски, косовски, српски и полски туристи. (МИА)

Можете да прочитате

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон – здравствените власти алармираат за итна вакцинација

Украина изврши интензивен ноќен напад со беспилотни летала врз руски регион

Земјотрес од 4,1 степени го погоди Чиле