Утрински Весник
Свет

Огромна потрага по шестгодишно девојче во Лондон

8a4801a5 79b6 436d 9547 B72400989678.jpg

Вчера во Лондон исчезна шестгодишното девојче Ејдин, соопшти британската полиција. Девојчето има шест години. Таа исчезна во Гринвич, југоисточен Лондон.

Полицијата соопшти дека е крајно загрижена за малото девојче.

Малата Еудина, била пријавена за исчезната вчера во 22.40 часот по локално време, но последен пат била видена порано, околу пладне, кога надзорните камери ја фатиле сама на улицата во Дефенс Клоус, Темзмид.

Полицијата апелираше до жителите веднаш да ги контактираат доколку имаат информации за тоа каде се наоѓа.

„Ако живеете во или во близина на Темзмид, ве молиме проверете ги градините, бараките и заклучените области, како и секоја снимка од видео надзор“, соопшти полицијата.

Ејдин е облечена во светло розеви пижами и носи бела чанта на рамо со дизајн на маргаритка.

„Ние сме крајно загрижени за нејзината благосостојба и полицајците спроведуваат итни увиди за нејзино лоцирање“, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници