Утрински Весник
Македонија

Локализиран пожарот во Руѓинце, општина Старо Нагоричане

Pozar 1.png

Пожарот во село Руѓинце, општина Старо Нагоричане е локализиран, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Во пожарот кој избувнал во 15: 20 часот гореле дува трева, ниска вегетација, багреми.

– Успеваме да го локализираме, иако брзо се ширеше и постоеше можност да ги зафати куќите. Пристигнаа екипи од соседни општини и заеднички успеавме да го локализираме. Пожарот избувна на приватна парцела, се прошири и зафати површина од околу 15-тина хектари. После 22 часот е локализиран, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Покрај осум пожарникари од Старо Нагоричане со три противпожарни возила, во гасењето на пожарот учествувале две противпожарни возила на кумановската противпожарна единица со шестмина пожарникари и една на Ранковце со двајца пожарникари. Екипа на противпожарна единица на Старо Нагоричане дежураа цела ноќ.

Во општина Старо Нагоричане, евидентиран е уште еден пожар кој зафатил површина од пет до шест хектари и исто така избувнал на приватна парцела. Во гасењето покрај пожарникари учествувала екипа на „Национални шуми“ и мештани.

Можете да прочитате

Tетовец баран со потерница за издржување затворска казна од три години спроведен во затворот Идризово

Студен бран со снег и силен јужен ветер, најобилни врнежи во западните делови

Северна Кореја тврди дека јужнокорејски дрон влегол во нејзиниот воздушен простор пред неколку дена