Утрински Весник
Македонија

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Zaplena Evra3.jpg

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30.000 евра.

Имено, на 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани.

На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гевгелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште, покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о.000 евра за кои немале никаков документ за потекло.

Согласно законот за девизно работење, на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите 30.000 се задржани.

За направениот прекршок, Царинската управа поднесе соодветна прекршочна пријава.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег