Утрински Весник
Скопје

Почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром

20240728121121 Big 730x400 95.webp.webp

Општина Аеродром од денеска почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на септември. Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови каде што граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Од Општина Аеродром појаснуваат дека акцијата ќе започне од населба Мичурин каде што денеска садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица.

Потоа, утре, жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9 до контејнерите, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.

Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до крајот на септември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на страницата на Општината.

-Ваквата акција се спроведува со цел да им се излезе во пресрет на аеродромци бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови. Со тоа истовремено ја заштитуваме животната средина од несовесно фрлање отпад, при што се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината, но и даваат лоша слика за Аеродром, се вели во соопштението од Општината.

Истовремено, од Општина Аеродром најавуваат дека во наредниот период во голема мера ќе ги зајакнат инспекциските контроли на терен. Доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа ќе се применуваат најстроги казни за таквото несовесно однесување.

Можете да прочитате

Постигнат е времен договор со приватните превозници

Делови од Ѓорче Петров и Карпош утре без струја

СДСМ поднесе иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје