Утрински Весник
Македонија

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава

Akademik Vlado Kambovski 585x269 1.jpg

Академик Владо Камбовски изрази несогласување со идејата за формирање на Албанска академија на науките и уметностите, потенцирајќи дека таква структура е невозможно да постои во една држава.

„Во една држава не може да има две национални академии. Во ниту една држава во светот не постојат две национални академии на науките и уметностите. Возможно е да се формираат, на пример, здравствени здруженија, но невозможно е да има две национални академии“, изјави академик Камбовски во разговор за ТВ 24.

Тој нагласи дека научните и уметничките институции треба да се базираат на заеднички научни и културни вредности, а не на етнички или политички припадности, што би можело да доведе до поделби и конфликти во научната заедница.

Коалицијата „Вреди“ најави започнување постапка за формирање на Албанска академија на науките и уметностите. Лидерите на „Вреди“ планираат општинско финансирање како привремено решение, додека не се донесе закон кој ќе го регулира ова прашање

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, Виница и Струмица

Македонија зборува со музика, душа и почит – Симон Трпчески со „Македонисимо“ одржа концерт во Рим

Фетаи разрешен од партиската функција во АА на Таравари