Утрински Весник
Свет

Израел нападна цели на Хезболах во Либан

Picture 1208 660x487 1.jpg

Израелски авиони во текот на ноќта извршија напад врз Хезболах, на територијата на Либан, како одговор на претходниот ракетен напад.

Според последните информации, дванаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во ракетниот напад врз фудбалско игралиште во Голанската Висорамнина, на северот на Израел.

– Во текот на ноќта израелските воздухопловни сили нападнаа голем број терористички цели на Хезболах длабоко на територијата на Либан, во јужната област, вклучувајќи складишта за оружје и терористичка инфраструктура.

Нападнати беа цели во областите Чабриха, Борџ Ел Чмали и Бекуа, Кфаркела, Раб Ел Талатин, Киам и Таир Харпа, соопшти израелската армија.

Претходно израелските власти за нападот го обвинија либанскиот исламистички Хезболах, кој дејствува со поддршка на Иран.

Хезболах ги негираше таквите наводи и соопшти дека „нема никаква врска со тоа“ и категорично ги отфрли таквите обвинувања. 

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња