Утрински Весник
Македонија

Каква цена за парно ќе се плаќа од следната грејна сезона ќе се знае во понеделник

Parno.jpg

Каква цена им се готви на корисниците за парно од први август? Телма дознава дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената на услугата и до 50%, додека дел од нив се и со барање за намалување како ЕСМ производство и енергетика.

Но, она што е клучно да се напомене е дека просечната цена на гасот годинава во сподеба со претходната година е значјано пониска, но од друга страна субвенциите од оваа грејна сезона нема да има.

Анализите се во тек. Се очекува одржување главна седница во понеделник, кога треба да падне одлука.

Инаку над 90% скопјани добиваат парно од државната ЕСМ која обеднува три фирми ќерки со снабдување, производство и дистрибуција на топлинска енергија, исто така тука е топланата Скопје Север и Енергетика.

Можете да прочитате

АХВ: Градоначалникот Митовски да не се иззема од одговорност за решавање на проблемот со говедата кои лутаат низ Крива Паланка

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Ученик за време на час извадил нож во основното училиште „Киро Глигоров“ – родители загрижени бараат итна реакција