Утрински Весник
Свет

Трамп нема да се согласи за дебата со Камала Харис додека демократите не го „одлучат“ кандидатот

Tramp.jpg

Републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, одби да закаже дебата со неговата најверојатна демократска противкандидатка Камала Харис, бидејќи таа не е официјално именувана за кандидат на нејзината партија, соопшти синоќа неговата кампања.

„Деталите за општите изборни дебати не можат да се финализираат додека демократите официјално не одлучат за нивниот кандидат… би било несоодветно да се закажуваат работите со Харис бидејќи демократите многу добро би можеле да го променат своето мислење“, нагласи портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг во соопштението.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината