Утрински Весник
Свет

Селин Дион и Лејди Гага на отворањето на Олимпијадата во Париз

Loi Pariz Olimpiski Igri 2024 960x960 1.jpg

Пејачките Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат утре на свеченото отворање на Олимписките игри во 2024 година во Париз.

Како што пишува „Индепендент“, повикувајќи се на новинарот Тиери Монро, Дион и Лејди Гага ја вежбале песната на Едит Пјаф „La Vie en rose“ во дует.

Забележано е дека Дион ќе се појави на сцената за прв пат од 2022 година, кога ја откажа светската турнеја и објави дека и бил дијагностициран синдром на вкочанет мускул.

За прв пат во историјата на Игрите, свеченото отворање ќе би на река (Сена). Парадата на спортистите ќе се одржи на чамци по патеката долга 6 километри

Шоуто, парадата на учесниците и официјалниот дел ќе започнат во 19:30 часот.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња