Утрински Весник
Македонија

Рацин.мк: 30 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ – фуриозно во скандали

01000000 0aff 0242 2fdf 08dc93cc44d6 W1597 N R1 St S 848x477 1.jpeg

Во првите 30 дена од мандатот на новата Влада, издоминираа скандалите, пишува во својата анализа порталот Рацин.мк.

Според анализата на порталот, скандалите и неисполнетите ветувања, во првите 30 дена се многу поголеми во однос на успесите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

Хронолошки, прво на листата е употребата на името Северна Македонија

Чукањето во гради во врска со личното и човеково право да ја нарекува државата Македонија или Република Македонија, заврши со првото патување во надвор од земјата – на Самитот на НАТО. Толку беше „ритањето“ со правото на слободата на изразување. Заврши рефлексот од изборниот занес, како што завршува рефлексот на жабата кога ја дразнат со струја и за само 15 дена нашата земја си го врати уставното име – Република Северна Македонија.

Но, за жал, од инаетот на Мицкоски, ние сега имаме нарушени односи со Грција, земја со која после 30 години „замрзнати релации“, со Преспанскиот договор поместивме сериозни придобивки за земјата, како членството во НАТО, на пример.

Инвестиција на Алказар е само дел од листата желби

Едно е да сакаш да изгледа фуриозно почетокот на работата на новата Влада, но, работите не се секогаш така како што изгледаат, па затоа треба да ги гледаме работите пореално. Така треба да се гледа и на најавената инвестиција на Алказар Енерџи која се најавуваше уште во кампањата.

За да биде појасно: Парите за новиот ветерен парк на Мицкоски, инвеститорот Алказар Енерџи треба да ги обезбеди до последниот квартал на 2025 година, а работите на изградбата на ветерниот парк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш треба да започне на почетокот на 2026 година.

Така стои и во официјалното соопштение на Алказар Енерџи кое беше објавено веднаш по претставувањето на инвестицијата и така треба да се гледа на неа: Таа е само желба на листата.

Учебници ќе има, па ќе нема

Само што седна во министерското столче, новата министерка за образование на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска веднаш почна да се правда дека дека не може да го исполни предизборното ветување со кое тврдеше дека учебници од септември ќе има за сите.

Министерката Јаневска изјави дека дури и да имале волшебно стапче нема да можат да обезбедат учебници во септември. Јавноста праша е каде е сега волшебното стапче од камапњата кога ветуваа дека до септември ќе направат сѐ за да има учебници.

Министерка со бугарско државјнаство во владиниот состав

Само што се формираше составот на Владата, редакцијата на 360 степени откри дека министерката за енергетика и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сања Божиновска, директорувала со хрватската канцеларија на фирмата „Руднап“ користејќи бугарски пасош. Во изјава за „360 степени“, министерката Божиновска негираше дека поседува бугарско државјанство, но не одговари дали поседувала. Дополнителните проверки покажаа дека таа побарала отпуст во втората половина на минатата година и дека процедурата не е завршена, што значи дека сè уште е бугарска државјанка.

Двојното државјанство за избрани функционери не е забрането со закон, но отвора дилеми за моралните квалитети, како и за тоа што ќе се случи ако министер биде во состојба да одлучува за прашања што ги засегаат двете или повеќе негови татковини. И да не заборавиме дека токму ВМРО-ДПМНЕ поднесуваше амандмани за изборот на јавни функции да се оневозможи да бидат избрани лица со двојно државјанство.

Милијардата на Орбан се преполови на 500 милиони

И оваа „постигнување“ беше дел од предизборната кампања, само што тогаш се најавуваше една милијарда без да биде отворено соопштено кој и од каде ќе и даде на земјата таква финансиска поддршка и под кои услови.

Повторно прашање на транспарентност и кога дојде време отворено да се соопшти потеклото и „дарителот“ на оваа финансиска поддршка, таа се преполови на 500 милиони евра, и освен што беше соопштено дека парите доаѓаат од Унгарија, остана мистерија зошто и под кои услови земјата ќе ги добие овие пари, освен што беше соопштена висината на каматата, 3,25%.

Во интервјуто на ТВ Телма премиерот вели „наместо да му речеме алал (на Орбан, н.з.)“, новинарите поставуваат прашања за тоа од каде му се парите и дали зад овој унгарски „подарок“ се крие нешто друго. Прашања што се сосема легитимни и очекувани да ги постават медиумските работници и јавноста и на кои премиерот мора да се навикне.

А јавноста, и економските експерти велат Владата останува должна со одговори на серија прашања: Кои се условите за позајмицата? Дали има некои скриени клаузули, дали има некое обезбедување за Унгарија доколку не го враќаме заемот на време? Унгарија не е позната како земја која плива во пари, туку напротив, како земја која е зависна од ЕУ фондовите и зошто земаме заем баш од Унгарија? Дали мотивите се само политички, или има и нешто друго? Дали во целата игра е вмешан некако и поранешниот премиер Груевски, кој се чини сè уште има силно влијание во новата владејачка партија?

Многу прашања кои јавноста нема да ги заборави и ќе ги очекува одговорите.

Конечно, дури и да е заемов само поради ширење на унгарското влијание во регионов – дали ни треба такво нешто на нас како држава во моментов?“, се прашањата што ги поставуваат експертите, и уште прашуваат, дали треба Македонија да се зближува со „црната овца“ и најпроблематичната членка на ЕУ, имајќи ја предвид позицијата на Унгарија и нејзината репутација во Европската Унија.

Наместо 5000 наеднаш, пензиите ќе се зголемат на два пати по 2500

И ова предизборно ветување на кое ВМРО-ДПМНЕ освои голем дел од гласите на пензионерите нема да се исполни како што беше ветено. Од белата палата сфатија дека ќе направат огромна дупка во пензискиот фонд, па наместо наеднаш како што беше ветено, пензионерите 5-те илјади ќе ги добијат на два пати.

Имотот на Јанушев и патувањето на синот на Мицкоски со татко му на Самитот на НАТО во Вашингтон

Овие два случаја, како одделни влегоа и во институционална постапка.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оформи предмет и во тек е постапката за утврдување на вистинитоста и точноста на податоците искажани во анкетниот лист за имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Ќе се испитува како дошло до тоа Игор Јанушев да добие на подарок недвижен имот вреден повеќе од 350 милиони евра, а истрагата на ДКСК би требало да укаже и на тоа како на тој недвижен имот, чија верфикација на сопственоста на направил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски како адвокат и како и тој се стекнал со надвижен имот во објекот на парцелата подарок на Јанушев вреден неколку стотици илјади евра.

Авио билети во бизнис класа

Колената на премиерот биле во прашање, па затоа за огромната делегација во САД беа платени авио билети во бизнис класа. Прескапо патување, иако целта на тоа патување беше учеството на Самитот на НАТО, кој се одржа по повод 75 години од Алијансата и на кој Северна Македонија е членка, еднаква со најголемите воени сили во светот, благодарение на Преспанскиот договор, кој Мицкоски не го признава, ама го прифаќа како реалност.

Ова со авиобилетите и причината за патување во бизнис класа кое е со трикратно и повеќе повисока цена од онаа економската, е поврзана со колената на премиерот, а тие болки се изгледа „заразни“ па ги добил и Митко Чавков, еден од осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април. Од тие причини и добил еден месец отпуст од издржувањето на затворската казна од новиот директор на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Мешање во правосудството

Мицкоски и неговата Влада добија сериозни обвинувања и „заушки“ и за нивното инсистирање да ги укинат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Амбасадорите на ЕУ и САД во Северна Македонија, Дејвид Гир и Анџела Агелер изразија поддршка на Судскиот совет и ги повикаа судиите да се ослободат од политичките притисоци. Можноста за распуштање на Судскиот совет, како и на Советот на јавни обвинители според евроамбасадорот Гир и американската амбасадорка Агелер „предизвикува сериозна загриженост “, а Мицкоски тоа го нарече мешање во внатрешните работи на државата и уште повеќе се заплетка.

Таа негова невимателна изјава предизвика одговор на Агелер, која рече дека „САД се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата.  

Листата продолжува

Со колената на Мицкоски и Чавков продолжува листата на скандали на новата влада. На оваа листа може да се надодадат и заканата на ЗНАМ дека ќе излезе од Владата доколку министрите Албанци продолжат да го истакнуваа албанското знаме во инстотуциите на Владата, што само потврди дека коалиција на на ВМРО-ДПМНЕ е на стаклени нозе.

Дека е на такви нозе поставена се коменатираше и кога во владиниот состав влезе и Иван Стоиљковиќ, како заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, кога се поставија прашања што бара во владата на земја членка на НАТО човек за кој има потврдени информации за блиски врски со Кремљ и потесното опкружување на Путин.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово