Утрински Весник
Магазин

Што е поштетно, шеќер или сол? Тврдењата од експертите ќе ве изненадат

Sol I Eer.jpg

Препорачаниот дневен внес на шеќер е 25 грама за возрасни лица, што е отприлика шест чајни лажички, додека препорачаниот внес на сол за возрасни е една лажичка на ден, или 4 до 6 грама. Поединечни студии покажуваат дека дури 90 отсто од луѓето секојдневно внесуваат многу повеќе од тоа во своите организми.

На сите им е јасно дека прекумерната консумација на шеќер и сол може да предизвика здравствени проблеми, но се поставува прашањето што е поштетно за човечкото тело.

Шеќерите кои природно се наоѓаат во храната не се толку проблематични, но голем проблем претставуваат преработените шеќери. Тие немаат хранлива вредност и се богати со калории. Сите тие го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и го стимулираат зголеменото производство на инсулин кој му е неопходен на телото за да го преработи целиот тој шеќер. Но, прекумерниот внес на шеќер може да доведе до отпорност на инсулин, што е главна причина за складирање на шеќери во облик на масти. Покрај тоа, прекумерната консумација на шеќер може да предизвика дијабетес тип 2, како и гастроинтестинални заболувања.

Ако имате висок крвен притисок, веројатно сте размислувале да го намалите внесувањето на сол во организмот. Но, новите истражувања покажуваат дека шеќерот е еден од главните виновници за предизвикување низа здравствени состојби, вклучувајќи го и високиот крвен притисок, па дури и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

Спротивно на тоа, солта нѝ е потребна за регулирање на течностите во организмот и за пренос на електролити во телото. Како што е веќе наведено, солта се поврзува со високиот крвен притисок, болестите на срцето и крвните садови, а освен тоа има и штетен ефект врз црниот дроб и бубрезите. Исто така, солта е причина за проблеми со надуеност.

Иако експертите нагласуваат дека клучот за здравјето е умереното консумирање и на сол и на шеќер, тие велат дека шеќерот создава поголеми проблеми. Поточно, луѓето сè почесто претеруваат со употребата на шеќер, што доведува до голем број здравствени проблеми.

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби