Утрински Весник
Македонија

Тргнале на Илинденски марш,им ги украле коњите – ги пронашле во Кавадарци

Ukraden Konj Ilindenski Mars.jpg

Коњи учесници во Илинденскиот марш кои претходно биле пријавени за украдени во Скопје, пронајдени се во Кавадарци. Од СВР Велес денеска потврдија дека имаат евидентирано ваква пријава во кавадаречката полиција.

„Денеска 25.07.2024 во ОВР Кавадарци, И.Т. од Скопје пријавил дека на ливада во близина на улица „Клинска” во Кавадарци, ги пронашле коњите кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш, за кои претходно во Полициска станица Аеродром во Скопје, било пријавено дека се украдени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во писмениот одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Сопственикот на пронајдените коњи Игор Тасевски за МИА вели дека биле украдени 3 коњи од седиштето на Илиденскиот марш

„Всушност, беа украдени три коњи од седиштето на Илинденскиот марш во Горно Лисиче, пронајдени се во Кавадарци“, рече тој.

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!