Хрватска прогласи три лица од Црна Гора за непожелни поради „систематски дејствија за нарушување на добрососедските односи со Република Хрватска и континуирана злоупотреба на Република Хрватска за внатрешни политички цели“.
Одлуката на МНР на Хрватска се однесува за Андрија Мандиќ, претседател на Парламентот на Црна Гора, Милан Кнежевиќ пратеник во Парламентот на Црна Гора и Алекса Бечиќ, вицепремиер на Црна Гора.
-Министерството за надворешни и европски работи изразува жалење што мнозинството во Собранието на Црна Гора одлучи да ги игнорира континуираните повици на Република Хрватска да не презема потези што можат негативно да влијаат на нашите билатерални односи и на европскиот пат на Црна Гора.
Во тој контекст, се издвојуваат постапките на споменатите политички функционери, кои нивните постапки не можат да се сметаат за добронамерни и добрососедски во однос на Република Хрватска, ниту пак се во согласност со декларираната цел за членство на Црна Гора во Европската Унија, наведуваат од МНР на Хрватска.