Утрински Весник
Спорт

Скандал на првиот натпревар на олимпискиот фудбалски турнир, судиите поништија гол на Аргентина по два часа, победата му припадна на Мароко

20240724200707 Big 730x400 35.webp.webp

Скандал на првиот натпревар на олимпискиот фудбалски турнир меѓу Аргентина и Мароко. 

Иако, првично, натпреварот заврши 2:2, со гол на аргентинецот Медина во 90+16. минута, по постигнувањето на голот, судиите не означија крај на натпреварот бидејќи на теренот истрчаа гневните марокански навивачи, а следеше бркотница со обезбедување.

Аргентинците побегнаа во соблекувалната, судијата Глен Ниберг од Шведска по протокол го прекина мечот, а Мароко поднесе жалба против голот на ривалот, бидејќи беше постигнат по офсајд позиција. По 90 минути циркус, судиите со помош на ВАР собата утврдија дека Мароканците се во право.

Екипите повторно излегоа на теренот, Аргентинците не успеаја да постигнат гол во тие три минути, па Мароко победи со 2:1. 

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024