Утрински Весник
Свет

Балон со ѓубре од Северна Кореја слета на претседателскиот комплекс во Сеул

Baloni.jpg

Балон со ѓубре испратен од Северна Кореја утрово слета на претседателскиот комплекс во Сеул, главниот град на Јужна Кореја.

„На територијата на претседателскиот комплекс падна ѓубре“, соопшти Претседателската служба за безбедност ПСС, пренесува јужнокорејската новинска агенција 연합 (Јонхап).

Тоа е првпат канцеларијата на јужнокорејскиот лидер, која е во зоната на забранети летови, да биде погодена од балони лансирани од Пјонгјанг.

Северна Кореја испрати илјадници балони со ѓубре во Јужна Кореја од мај како знак на протест против пропагандните летоци против Пјонгјанг испратени преку граница од јужнокорејски активисти.

„Истрагата на тимот за хемиски, биолошки и радиолошки одговор покажа дека предметите не претставуваат опасност или дека се контаминирани“, соопшти ПСС, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари