Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Дурмиши со чешкиот амбасадор Лудва: Континуитетот на зголемување на соработката со Чешка е наш приоритет

3 3 Scaled.jpg

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Северна Македонија, Јарослав Лудва.

На средбата беше констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи меѓу двете земји за што се констатирани можности за понатамошно унапредување.

Министерот Дурмиши го информираше амбасадорот дека со реорганиацијата на институциите Министерството за економија и труд има нови надлежности, за што фокус на работа освен поддршката за домашниот бизнис и подобрување на деловната клима, ќе биде и подобрување на пазарот на труд.

“Чешката Република е еден од позначајните трговски партнери на Северна Македонија и е меѓу првите 10 земји со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена“, кажа министерот Дурмиши и нотираше дека според податоците имаме континуиран раст на трговската размена што значи дека има можности за понатамошно унапредување.

Министерот Дурмиши изрази надеж дека во наредниот период ќе продолжи успешната билатерална соработка со Чешката Република и се заблагодари за силната поддршка што Чешка ја дава за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, бидејќи како што кажа министерот влезот на нашата земја во ЕУ ќе значи голем бенефит за економијата и бизнисот.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице