Утрински Весник
Македонија

Работна средба на претседателот на Уставниот суд Костадиновски и амбасадорот на Република Полска Кшиштов Гжелчик

Viber Image 2024 07 24 12 07 53 200.jpg

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски го прими на проштална средба амбасадорот на Република Полска во земјава Н.Е. Кшиштов Гжелчик. На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Република Северна Македонија во Полска, Коста Костовски. 

Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот за приоритите во неговиот мандат кои ќе се спроведат преку неколку активности и програми, како и за клучните предизвици со кои се соочува Уставниот суд. 

Во тој контекст претседателот Костадиновски истакна дека реформата која ќе се спроведе со стапувањето во сила на новиот Акт на Судот од септември оваа година, како новина во уставното судство очекува да даде значаен придонес во заштитата на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, како и во апстрактната уставно-судска контрола. 

Амбасадорот Гжелчик ги поздрави највените приоритети и ја потврди досегашната соработка меѓу двете држави и најави дека ќе се заложи за унапредување на односите помеѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Полска. 

Претседателот Костадиновски  изразувајќи задоволство од постигнатото ниво на севкупна соработка помеѓу двете пријателски држави изрази надеж и очекување дека во наредниот период ќе се воспостави билатерална соработка  и во областа на уставното судство. Во тој контекст упати формална покана до претседателката на Уставниот трибунал на  Република Полска Јулија Пшилебска за посета во најскоро можно време. 

Можете да прочитате

Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%