Утрински Весник
Свет

Денес ќе почнат Олимписките игри во Париз

Gettyimages 588560078.jpg

Иако свеченото отворање е в петок, натпреварите на Олимписките игри почнуваат в среда. Традиционално, програмата ја отвораат екипните спортови – фудбалот и рагбито.

На Игрите рагби се игра во варијанта со седум играчи.

Во Париз ќе настапат вкупно 288 рагбисти, а титулите ги бранат Фиџи во машка и Нов Зеланд во женска конкуренција.

Рагби 7 во машка конкуренција ветува интензивни битки од самиот почеток, а на првиот ден од турнирот на терен ќе излезат освојувачите на медали од Токио.

Одбраната на титулата и нападот на третото злато по ред Фиџи ќе ја почне против Уругвајците.

Сребрените од Токио, Новозеланѓаните, првиот ден играат против Јапонија, а бронзените од претходните ОИ, Аргентинците, се среќаваат со Самоа.

На фудбалскиот турнир програмата од 15 часот ќе ја отворат Аргентина и Мароко, односно Узбекистан и Шпанија, а од 21 часот домаќинот Франција ќе игра против САД.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи