Утрински Весник
Македонија

Комитетот за координирање и управување со кризи ќе има седница за состојбата со пожарите

20240723204620 Big 730x400 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кризната состојба со пожарите на отворено кои зафатија делови од државата ќе биде разгледана на седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи што утрово ќе се одржи во Центарот за управување со кризи.

ЦУК извести дека со седницата ќе раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и ќе присуствуваат членовите на Комитетот: Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски – министер за одбрана и Арбен Таравари – министер за здравство, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности – Стојанче Ангелов.

На седницата ќе присуствуваат и Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Здравко Трајанов, директор на ЈП „Национални шуми“.

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk