Утрински Весник
Македонија

Јанушев и Тошковски ги негираат обинувањата од СДСМ за подарениот имот

Igor Janusev.jpg

Подарокот од 325.000 евра за герералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии разгорувајќи ги страстите кај социјалдемократите. Богданка Кузеска од СДСМ, тврди дека во поклонот на Јанушев, вреден 325.000 евра, Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во рамки на поклонетиот имот на Јанушев.

Кузеска потенцира дека ќе продолжат да објавуваат информаци се додека не с епокрене постапка.

Се огласи и Јанушев и Тошковски. Јанушев тврди дека не постои подарен имот туку погрешно внесени податоци.

„Ве пуштав да се излизгате… прво да изнесе лаги еден сдсовски сателит и советник на криминалното СЈО, во исто време шарен револуционер и познат лажен патриот, па потоа да се надоврзе една пара партиска структура и на крај да излезе изворот на таквите дезинформации. Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично владата на СДС&ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува.“ – пишува Јанушев.

Тошковски тврди дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба не поседувам ништо друго. Ги повика институциите детално да го проверат неговиот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет.

„Во однос на обвинувањата изнесени од Богданка Кузеска од СДСМ, сакам јавно да ги демантирам и да ја информирам јавноста дека уште на 04.07.2024г. во законски утврдениот рок, до Државната комисија за спречување на корупцијата доставив изјава за имотна состојба. Сите податоци за мојот имот се јавно достапни.“ – пишува Тошковски.

Антикорупциска веќе оформила предмет за Јанушев со кој се опфаќа стекнатиот недвижен имот во Центар. Дополнително антикорупционерите најавија дека ќе ги разгледуваат и анализираат податоците доставени во анкетниот лист.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово