Утрински Весник
Македонија

Муцунски во работна посета на Австрија

1947b6d0 967d 4a69 A388 29505b6e6522.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, ќе престојува во работна посета на Австрија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.

За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија.

Можете да прочитате

Во моментов силни врнежи од дожд во Гостивар, Тетово и западните делови од Скопје

Арсовска: Внук на градоначалник на Студеничани градел зграда на пет годишна возраст, Ганиу ја легализирал

МЈА: Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија