Утрински Весник
Македонија

При гаснење на пожарот на Серта повреден командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип

Helikopter Pozar.jpg

Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Во штипската Клиничка болница е примен синоќа околу 20 часот и 30 минути, каде му е извршена интервенција и е задржан на болничко лекување. Пожарникарите велат во изминатите две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.

Инаку на планината Серта кракот меѓу селата Селце и Пухче е делумно ставен под контрола, додека се уште е активен во пределот на Пенуш и се движи кон реката Брегалница.

Пожари се гаснат во општините Долнени, Македонски Брод, Старо Нагоричанe и во Ново Село на границата со Бугарија. Овој пожар кај Ново Село веќе со денови се гасне, но повторно се пали и покрај сите обиди за гаснење и од воздух и од земја. Ниту едно населено место не е загрозено. Во моментов активни се 20 пожари, а се гаснат и од земја и од воздух.

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола