Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка

Foto 1 4 1 Scaled.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

На средбата се разговараше за севкупните активности на ЕИБ во нашата држава.

Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека отворањето на претставништво на ЕИБ во Скопје во 2022 година ја демонстрира посветеноста за унапредување на советодавната и финансиска поддршка на групацијата, која досега има инвестирано над 1 милијарда евра во економскиот и социјалниот развој на македонското општество.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за долгогодишната поддршка на ЕИБ преку финансирање на мали и средни претпријатија, на транспортни, енергетски и на инфраструктурни проекти и изрази уверување дека групацијата ќе продолжи да биде доверлив партнер во натамошниот развој на државата, вклучувајќи го и процесот на пристапување кон Европската Унија. 

Можете да прочитате

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Одбележан Денот на МАНУ – 24info.mk

Чупеска: Очајната пракса на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината нема да ме демотивира да се борам против дезинформациите