Утрински Весник
Македонија

Мисајловски на средба со амбасадорката на Кралството Норвешка Н.Е. Кристин Мелсом

Misajlovski Melsom 2.jpeg

Кралството Норвешка е уште еден позитивен пример на земја сојузничка која во овие изминати години дава помош и стручна поддршка за развој на одбранбените капацитети, а со тоа и директно да влијае во зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и Алијансата, истакна министерот Владо Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на Кралството Норвешка Кристин Мелсом во Министерството за одбрана.

„Искрена благодарност за досегашната соработка и континуираната поддршка од страна на Кралството Норвешка, за бројните донации за модернизација, опремување и зајакнување на капацитетите на Армијата, но и за сите обуки и поддршка за развој на персоналот и Центрите за обука кои се во рамки на Министерството за одбрана”, рече министерот Мисајловски.

Амбасадорката Мелсом ја потврди силната соработка меѓу двете сојузнички земји и порача дека Кралството Норвешка ќе продолжи да придонесува во развој на одбранбените капацитети и во регионалните иницијативи како што се Балканските медицински наменски сили и Регионалниот центар за односи со јавност.

Можете да прочитате

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки