Утрински Весник
Економија

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

20240723101451 Big 730x400 93.webp.webp

Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа.

Параф на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо, и директоот на АД Мепсо Зухди Енуз. На потпишувањето на договорот присуствуваа и евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Средствата ќе бидат искористени во рамки на проектот за изградба на трафостаница и обнова на 110 киловолтен далновод, што ќе овозможи приклучување на нови 1170 мегавати од обновливи извори кои стојат неприклучени.

Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР а 7,6 милиони евра се обезбедени од од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ и половина милион евра од Климатскиот фонд.

Можете да прочитате

Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава