Утрински Весник
Македонија

На Клиника за онкологија во Скопје ќе се работи во две смени

Onkologija 898943898934.jpg

На скопската Клиника за онкологија се воведе двосменско работење во дневната болница.

Целта е да се намали гужвата во дневната болница, која е идентификувана како еден од најсериозните проблеми, како и да се обезбеди соодветен третман на оваа ранлива група пациенти во институцијата која третира најголем број на малигни заболувања и е единствена во терциерното здравство од овој тип.

Пациентите до 20 часот во втора смена отсега ќе може да ја добијат оваа здравствена услуга во дневната болница.

Инаку, Клиниката за онкологија активно учествува во активностите за отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања во ГОБ „8 Септември, каде се очекува амбулантно поликлничката дејност во областа на онкологија да профункционира за неколку недели, а целта е дисперзирање на терапијата и растоварување на работата на скопска Онкологија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

СДСМ: По ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ

Среде месец мај ни се враќа зимата?