Утрински Весник
Свет

ИДФ ја потврди смртта на двајца заложници на Хамас

20240722201614 Big 730x400 6.webp.webp

Израел денеска ја потврди смртта на двајца заложници киднапирани од палестинската милитантна група Хамас за време на терористичките напади на 7 октомври, од кои едниот е истакнат полско-израелски историчар.

Семејствата на Алекс Дансиг (76) и 35-годишниот Јагев Бухштаб се информирани за нивната смрт во заробеништво, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ), јави ДПА.

Нивните тела сè уште ги држи Хамас, соопштија ИДФ.

Одлуката за јавна потврда на смртта на двајцата мажи е заснована на разузнавачки информации и е „одобрена од експертска комисија“. Се истражуваат околностите на нивната смрт додека биле во притвор на Хамас, соопшти војската.

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица, тело формирано од роднините на киднапираните на 7 октомври, им оддаде почит на двајцата мажи

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина