Утрински Весник
Македонија

Основано заедничко тело на Коалицијата ВЛЕН

Vlen 1.jpg

Со одлука на Политичкото координативно тело на ВЛЕН денес се формираше Комисија за прашањата на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките во формат кој брои 8 членови од сите партии кои се дел од коалицијата.

„Надлежностите на ова второ коалициско тело се да биде последен филтер на сите кадровски одлуки на ВЛЕН и воедно да врши надзор на спроведување на нашите програмски заложби со единствена цел – зголемена ефикасност во имплементација на политиките.

Оваа одлука е континуитет на одлучноста на лидерите на партиите кои се дел од коалицијата ВЛЕН за постепена внатрешна интеграција заради зголемување на ефикасноста во испорака на предизборните ветувања и заедничко сихронизирано политичко делување.

Непосредна волја на гласачите е ВЛЕН да стане симбол за сенародното обединување на Албанците.
Затоа, ние сме должни тоа да го испорачаме и да ги исполниме очекувањата на Албанците.

Следен чекор е промоција на новата заедничка веб страна, сите коалициони канали за комуникација со кои ќе раководи заеднички Центар за комуникации со јавноста, како што ќе биде именуван и портпарол на коалицијата. Полека но сигурно прераснуваме во одлучна политичка сила за сигурна иднина за Албанците“, се вели во соопштението на Коалицијата ВЛЕН.

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес