Утрински Весник
Македонија

29 пожари на отворено, 7 сè уште опасни

Kalifornija Pozari 22.jpg

Пожарите сè уште активни низ Македонија. Продолжува борбата со огнените јазици, а најсериозно и понатаму е на планината Серта.

Иако состојбата е подобра од вчера, сепак на територијата на државата во моментов има вкупно 16 пожари, од коишто 11 се сè уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи.

Штетата што ја предизвикаа пожарите кои ја зафатија државата изминатите неколку дена, допрва ќе се проценува, но последиците врз почвата, како и врз дивечот и земјоделските култури се ненадоместливи, ќе биде потребен еден век за да се поврати она што е изгорено, вели Заменик генералниот директор на „Македонски шуми“, Кире Михаилов.

Инаку, за гаснење од воздух се потпираме само на нашите сили, односно домашните летала, но најавена е и нова помош од странство доколку има потреба.

За утре и задутре пак, синоптичарите најавуваат намалување на температурите и чести врнежи, со што се очекува локализирање на пожарите.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово