Утрински Весник
Македонија

ФРОНТАЛЕН СИСТЕМ ОД СЕВЕР ЌЕ УСЛОВИ СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ: Постепено дестабилизирање на атмосферата ќе има и во Македонија

Messenger Creation 3210f663 14ee 4bd4 B7e3 7852fb9799d0.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, како резултат на продор на поладен воздух од север на висина, денес (понеделник) во попладневните и во вечерните часови ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во регионот, па така особено во западните предели на Словенија и Хрватска, потоа на повеќе места во Босна и Херцеговина, југозападна и западна Србија, а подоцна и во источните предели на Хрватска се очекува развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Со продорот на овој ладен воздух на висина, локално во овие предели ќе има и појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Не се исклучува можноста, како ќе поминува овој фронтален систем над овие краишта, да се создадат услови и за локално силно невреме.

Кај нас овој фронтален систем денес попладне и навечер, особено во западните и во северозападните планински предели од државава локално исто така ќе услови развој на грмотевични облаци кои ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Секако во ваква ситуација, можни се и поинтензивни атмосферски процеси во вид на невреме.

На следниот линк следете ја алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег