Утрински Весник
Спорт

Храната на Олимпијадата како културно-еколошки предизвик

20240718131938 Big 730x400 26.webp.webp

За време на Олимписките и Параолимписките игри Франција ќе пречека гости од целиот свет, а според проценките, на учесниците ќе им бидат послужени над 13 милиони оброци.

Од појадок до вечера, од сендвичи до „шведска маса“, Париз 2024 ќе се потруди да ги задоволи потребите на спортистите, доброволците, гледачите и медиумите, се наведува на страницата на Олимпијадата. Во земјата на гастрономијата и со оглед на главните климатски и еколошки предизвици во денешниот свет, тоа е оперативно-културно-еколошки предизвик кojшто сите вклучени ќе треба да го прифатат.

Организаторите имаат намера да го искористат настанот како можност да се истакнат креативноста, квалитетот, квантитетот и одржливоста околу храната на вака голем меѓународен настан.

Франција во подготовките на менито вклучи 120 организации и 200 спортисти.

Спортистите првенствено ќе се хранат во Олимпиското село, коешто ќе биде најголемиот ресторан во светот, нудејќи различни кујни за нутритивните потреби и културните навики на 15.000 спортисти од 208 држави и територии. Ќе можат да се пробаат различни јадења од производи и намирници со потекло од француското подрачје. Заеднички именител на сите нив е здравата, гурманска и креативна храна, со повеќе опции по пристапни цени.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024