Утрински Весник
Свет

Количка со близнаци заврши на железничката пруга во Сиднеј

Screenshot 2024 07 22 094120.jpg

Татко и неговата двегодишна ќерка загинаа кога ги удри воз откако количката на близнаците заврши на шините во Сиднеј, Австралија.

Трагедијата се случила во неделата на железничката станица во Карлтон, јавуваат медиумите.

Другото девојче не е повредено, додека мајката која ја гледала трагедијата е во шок.

Полицаецот Пол Данстан рече дека родителите со лифтот се качиле на платформата на станицата, каде за момент ги тргнале рацете од количката.

Количката со близнаците потоа се тркалаше кон железничката пруга, додаде тој.

Полицијата добила повик околу 12:25 часот откако очевидци виделе количка како се симнува од перонот и завршила на патеката на возот што доаѓал.

Возот не требало да застане на таа станица и се чини дека забавил пред трагедијата, но не успеал навреме да застане.

Кога видел дека количката е упатена кон шините, таткото се обидел да ги спаси своите деца, но не успеал.

Тој и едната од ќерките загинале, додека другото девојче било неповредено.

Мајката (39) и другото девојче се пренесени во болница и нивната состојба е стабилна.

Според Данстан, девојчето кое преживеало паднало меѓу шините и имала среќа да се спаси од повреда.

Пожарникарите и спасувачите скокнале на шините за да започнат со процесот на вадење на телото од под возот повеќе од два часа по трагедијата.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија