Рамната фонтана на градскиот плоштад во Скопје која стана повеќе позната по пропаднатите камиони и комбиња, отколку по функцијата, ова лето е надвор од функција.
Како што може да се забележи на видеото, фонтаната е заградена со жардиниери, дел од опремата е оштетена а фалат и две плочки (кои најверојатно се трајно оштетени од некој камион).
Низ отворот се гледа и дел од пумпата која треба да ја фрла водата, но ова лето скопјани и туриситите нема да можат да ја почуствуваат свежината од неа.
Фонтаната беше поставена како дел од мега проектот Скопје 2014 и низ годините неколку пати беше оштетувана од возачи кои со товарни моторни возила влегуваа на Плоштадот најчесто поради поставување или отстранување на опрема и расвета.