Утрински Весник
Магазин

Лекарите открија: Идеално време за спиење за телото да функционира совршено

Light Blue Modern World Sleep Day Instagram Post.png

Врз основа на различни возрасти, лекарите предложија идеално време за спиење за телото да функционира совршено.

Спиењето е составен дел од нашиот живот, којшто ни помага да го регенерираме и одмориме телото, за да биде подготвено за нов ден полн со возбуда и предизвици. Затоа е многу важно да се внимава на здрав сон, бидејќи тоа е половина од работата за продуктивен ден.

Британската здравствена служба даде приближно време кое е идеално за луѓе од различни возрасти.

На малите деца кои сè уште растат и се развиваат им требаат многу часови сон за да се одморат и телото подобро да функционира, додека за возрасните тоа не е толку пожелно.

Лошиот сон од време на време е во ред, но ако сте често уморни во текот на денот, тоа може да биде знак дека не сте спиеле доволно.

На здравиот возрасен човек обично му требаат околу 7 до 9 часа сон. Сепак, возраста, здравјето и личните околности влијаат на тоа колку ни треба сон, плус некои луѓе природно спијат повеќе од другите, а некои помалку, и функционираат совршено како Арнолд Шварценегер.

На тинејџерите, децата и бебињата им треба повеќе сон бидејќи сè уште растат, но тоа исто така варира. Новороденчето може да спие од 8 до 16 часа.

Општо земено, повеќето возрасни треба да се стремат кон најмалку седум часа сон навечер. Сепак, тоа не е точна наука бидејќи експертите за спиење тврдат дека луѓето се единствени.

Еве го приближното време за луѓе од различни возрасти:

Новороденчиња (4-12 месеци) 12-16 часа (вклучувајќи дремки)

Деца (1-2 години) од 11 до 14 часот (вклучувајќи дремки)

Деца во предучилишна возраст (3-5 години) 10-13 часа (вклучувајќи дремки)

Училишна возраст (6-12 години) 9-12 часа

Тинејџери (13-18 години) 8-10 часа

Возрасни (18 години и постари) 7 часа или повеќе

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби