Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Велика Британија: Остварив повеќе средби со државници од регионот и соседството, главен приоритет на Владата е воспоставување на добрососедски односи

Mickoski18072024.jpg

„Денеска се одржува Самитот на Европската политичка заедница.

На самиот Самит имав можност да остварам многу билатерални средби, меѓу кои би ја издвоил билатералната средба со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Потоа средбите со државниците од регионот и соседството како што е средбата со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков Милатовиќ, Претседателот на Црна Гора. Потоа, Радев, Претседател на Бугарија.

На сите овие средби имав можност да разговарам за тоа што претставува предизвици за регионот и она кое што претставува приоритети на идната македонска Влада.

Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед.

Понатаму би ги потенцирал средбите коишто ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот Совет, Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада.

Би го издвоил и моето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што можев да зборувам за предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја. А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа.

Се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде во Оксфорд, Велика Британија”.

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје