Утрински Весник
Балкан

Жителите на бугарското село Воден бегаат од огнот кој ги зафати куќите – ВИДЕО

Pozar Bugarija.jpg

Жителите на бугарското село Воден беа евакуирани поради неколку активни шумски пожари во земјата. Жителите од Воден ги напуштија своите домови и спасија се што можат во последен момент додека шумските пожари се приближуваа до нивните куќи.

Во услови на црвен аларм за топло време и во пикот на топлотниот бран, шумските пожари зафатија огромни области на југот и југозападот на земјата.

Пожарникарите успеаја да го стават под контрола пожарот околу селото Горска Полјана, но огнот се прошири во тешко пристапно шумско подрачје. На помош бил повикан хеликоптер.

Силниот ветер во попладневните часови повторно го разгоре пожарот, а тој се прошири и на куќите во село Воден. Нема извештаи за повредени.

Можете да прочитате

Јанша: Резултатот од гласањето по пошта е некредибилен, ќе користиме правни средства

Запленети 3,5 тони небезбедно месо во Атина – компанијата снабдувала и болници

27 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија