Утрински Весник
Магазин

Вака изгледал час по физичко во 1966 година, за многумина е научна фантастика: Вежбите кои ги прават се незамисливи за денешните генерации

Cf596615 Resize 820x0x100.jpg

И додека денес часовите се „ублажени“, а вежбите се приспособени на возраста, на видеото од едно американско средно училиште пред 60 години, можеме да видиме колку внимание се посветувало на физичката подготвеност на учениците, а вежбите кои тие ги правеле тогаш се незамисливи денес на училиште.

Морале да бидат направени минимум 16 склекови – правилно, како и две кревања. За две минути младите момчиња морале да направат најмалку 30 стомачни, а кратко било времето кога станувало збор и за трчањето.

Фасцинација од физичката подготвеност

На социјалните мрежи, видеото стана популарно, а луѓето кои го погледнале се воодушевени од физичката подготвеност и „воената“ дисциплина, а со оглед на тоа што вежбите ги правеле без маици, сите забележале дека момчињата се во одлична форма и дека изгледаат како да тренираат секој ден во теретана по специјална програма и на посебен режим на исхрана.

„Денес секое шесто момче е дебело“

Авторот на видеото на Инстаграм потсетил дека во денешно време секое шесто дете во Америка има проблем со дебелината и дека најголем број едвај можат да направат 5 склекови, а не 16, колку што некогаш било норма.

На видеото исто така може да се забележи и како средношколците синхронизирано и без приговор ја прават секоја вежба – дури и со насмевка на лицето.

Многумина кои одлучиле да го прокоментираат видеото сметаат дека ова е добар пример за децата, но и за возрасните кои поголемиот дел од времето го поминуваат на компјутер или на телефон, да почнат посериозно да се грижат за своето физичко здравје и да внесат и малку тренинг во своето секојдневие, или барем пешачење и рекреативно играње на омилениот спорт.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“