Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ

Sdsm Sdsm.jpeg

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје.

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите.

ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски покажуваат неспособност и некадарност. Се поставува прашањето дали воопшто сакаат да го сопрат овој тренд во кој картелите ги владеат улиците а граѓаните живеат во страв.

Можете да прочитате

Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на ГП Богородица

Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025

ПОЧНУВА СИЛНИОТ ЕЛ НИЊО: Екстремно топлото лето полека доаѓа