Утрински Весник
Спорт

Аргентинскиот претседател го отпушти заменик министерот за спорт затоа што го повика Меси да се извини за репрезентативните скандирања

20240718075655 Big 730x400 13.webp.webp
Dik 300x250 mk

Аргентинскиот претседател Хавиер Мајли одлучи да го отпушти заменикот министер за спорт на земјата, Хулио Гаро, кој го повика капитенот на репрезентацијата Лионел Меси да се извини за инцидентот со расистичка песна по победата во финалето на Копа Америка во 2024 година.

– Ниту еден не може да и каже на репрезентацијата на Аргентина, на светскиот шампион и двократен победник на Купот на Америка, или на кој било друг граѓанин, што да каже, што да мисли и што да прави. Поради оваа причина, Хулио Гаро повеќе не е заменик-министер за спорт на Аргентина, соопштија од кабинетот на претседателот на Аргентина, информира „TyC Sports“.

По освојувањето на финалето на Копа Америка во 2024 година, играчот од средниот ред Енцо Фернандез и неговите сонародници пееја расистичка песна во автобусот на аргентинската репрезентација, навредувајќи ги француските репрезентативци. Фудбалерот подоцна се извини за своето однесување.

Вчера, Светската фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага за инцидентот.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони