Утрински Весник
Македонија

Формиран регионален кризен штаб за пожарите со седиште во Кавадарци

20240718073701 Big 730x400 3.webp.webp

Формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци. Со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино.

За седницата информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, преку својот фејсбук профил. Како што наведува, учествувале министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, командирите на ТППЕ и колегите градоначалници од општините кои се зафатени со критичните пожари.

-По насока на Владата и премиерот Христијан Мицкоски ги поставивме контурите на нашето делување и уште од вечерва почнуваме со акција. На терен ќе бидеме ние, припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови испратени од нашите пријателски земји и нашите капацитети, како и пожарникарите на кои морам да им искажам длабока почит за нивната пожртвуваност и борба која ја даваат во справувањето со огнените јазици, напиша Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор