Утрински Весник
Македонија

Дурмиши – Туркменоглу: Поддршката од нашите партнери има голем придонес во економскиот и социјалниот развој на нашата држава

2 3 Scaled.jpg

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, Шеф на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.

На средбата се разменија мислења и се разговараше за главните приоритети на Министерството за економија и труд, согласно последната реорганизација на министерствата, за соработката која ова министерство досаге ја имаше со ЕБОР како и за идни проекти.

Министерот Дурмиши истакна дека фокусот на работа на Министерството за економија и труд од сега ќе биде подобрување на бизнис климата во земјата, односно подршка на домашните компании и подобрување на условите за странските инвеститори, како и развојот на пазарот на труд, односно подобрување на работничките права во државата.

ЕБОР е еден од најголемите поддржувачи на нашата држава со инвестиции во различни проекти во различни сектори и има огромен придонес во економскиот и социјалниот развој на нашата држава.

Министерот Дурмиши на состанокот потенцираше дека инвестициските активности и поддршката од ЕБОР се значајни за развојот на нашата економија и има голем придонес за подобрување на деловната клима во земјата.

Министерот искажа уверување дека веќе воспоставената соработка со ЕБОР ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за живот на граѓаните.

„Како Министер за економија и труд се надевам дека заеднички со ваша поддршка ќе работиме на подобрување на условите за работа на домашните и странските компании во земјата, се со цел подобрување на животниот стандард“ кажа министерот Дурмиши на средбата.

Двајцата соговорници се согласија дека ЕБОР е важен стартешки партнер, а инвестициските активности од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој и на државниот и на приватниот сектор.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ