Утрински Весник
Свет

Градот е под вода: Рекордни врнежи во Торонто, вака не било од 1941

Toronto Poplavi1.jpg

Најмалку 14 луѓе се спасени поради рекордно количество врнежи кои поплавија делови од Торонто и оставија повеќе од 167.000 домови без струја.

„Environment Canada“ (Environment Canada) вчера објави дека во Торонто паднале речиси 100 милиметри дожд, со што го надмина дневниот рекорд на градот поставен во 1941 година, пишува Би-Би-Си. Неколку летови беа одложени или откажани од аеродромот „Били Бишоп“, на островите Торонто поради невремето.

Главниот автопат кој минува покрај реката Дон е блокиран во двата правци поради поплави. Затворен беше и автопатот Онтарио, а полицијата соопшти дека најверојатно ќе остане затворен уште еден ден.

Противпожарната служба во Торонто добила бројни повици од луѓе заглавени во лифтовите поради прекини на струја.

„За три часа имавме 25 отсто повеќе дожд отколку што вообичаено би имало во цел јули со сите бури“, изјави метеорологот Дејв Филипс.

Управата за заштита на Торонто и регионот предупреди дека областите во близина на брегот, реките и потоците во градот се особено подложни на поплави.

Градоначалничката на Торонто, Оливија Чоу, рече дека градот инвестира во напорите за чистење за да се осигура дека поплавите како оние во 2013 година нема да се повторат во иднина. Таа година, најмалку 300.000 луѓе останаа без струја во Торонто, а повеќе од 1.000 луѓе беа спасени од поплавен воз.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

Можете да прочитате

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика

Ким: Русија има право на самоодбрана

Предвремени парламентарни избори на Исланд